Руската приватна компанија МТКС планира да развие еднократно товарен вселенски транспорт. Станува збор за некој вид на „вселенски камион“ кој ќе го добие името „Арго“ во чест на бродот со кој, според грчкиот мит, Аргонаутите тргнале во потрага по Златното руно. Руската верзија се состои од летало за повеќе кратна употреба.
Се претпоставува дека Арго ќе може да испорача најмногу 2 тони товар до Меѓународната вселенска станица (ISS) и да врати назад до 1 тон товар. Животниот век на овој вселенски камион се очекува да биде 20 циклуси на полетување и слетување. Цената на едно користење на бродот, вклучително и производството, ќе биде околу 11,5 милиони долари.
Првите тестови ќе бидат направени во 2023 година, а редовните лансирања ќе ги почекаме до 2026 година.
Текстот Русите направија „вселенски камион“ кој ќе носи и враќа товар на ISS е превземен од USB.mk.