Се разведува Елена Велевска

По десет години брак, фолк-пејачката Елена Велевска се разведува од сопругот Маријан, тврдат нивни блиски за „Репортер“. Изминативе неколку дена во Охрид, каде што живее Велевска, на големо се зборува дека двојката веќе не е заедно. А, неодамна и во емисија на Канал 5, фолк -пејачката рече дека била на летување во Грција сама со своите три деца, Калија, Софија и Марко, кои ги има од бракот со Маријан.

По оваа нејзина изјава, уште повеќе почна да се зборува за разводот на Велевска. Таа пред неколку месеци се пофали дека со Маријан и со нивните три деца имале романтично патување низ Европа за десетгодишнината од бракот. Велевска, често пати јавно кажува дека сопругот ја поддржува во сѐ што прави, особено кога е во прашање кариерата и кога се соблекува за фотосесии.

„Ако се разголувам заради професијата, не го правам тоа приватно. Фотосесиите се нормална работа во музиката. Така е секаде во светот, па и во регионот“, рече Велевска во интервју за „Репортер“ пред неполна година.

Пејачката во истото интервју додаде дека сопругот ѝ е најголема поддршка. „Да не ми веруваше, досега ќе се разведевме“, рече таа.

Редакцијата на „Репортер“ ја побара за изјава, но таа досега не ни одговори.

А. Јовановска

 

Текстот Се разведува Елена Велевска е превземен од Reporter.mk.