Нова сезона – нови ветувања. Тие се исто така извор на инспирација.
Ви предлагаме да заборавите на тагата поради крајот на летото и да размислите каква ќе биде вашата есен. Создадовме листа на она кон кое можете да целите како вашиот живот би станал уште поинтресен и посреќен.
Научете да се не преоптоварувате со ситници
Лесно е да бидете оптоварени со мали ствари: се сеќавате на караницата со другарката со месеци, дозволувате еден проблем да ви го расипе целиот ден, размислувате на проблемите на работа дури и за викендот.
Ветете си себеси дека ќе научите таквите работи да ги тргнете настрана и дека нема да им дозволите да го контролираат вашиот живот. Гледајте на сѐ од друга перспектива. Дали ова ќе биде важно за шест месеци, една година, пет години, прашање кое ќе ви помогне во поставувањето приоритети.
Не плашете се од промени
Есента уште од детството ја памтиме како сезона на промени: поаѓање во училиште, нов универзитет или селење во друг град во потрага по работа. Искористете го ова време за да се ослободите од она што ве спречува да растете. Сѐ што е најдобро во животот е од другата страна од стравот.
Зоната на комфорот би требало да биде место каде што повремено се наоѓате на шолја чај и добивате сила, а потоа продолжувате понатаму. Ветете си дека во наредните три месеци нешто ќе се промени во својот живот.
Почесто бидете на свеж воздух
Нивото на вашата активност не би требало да зависи од временските прилики. Обидете се да уживате во природата во нејзините најразлични манифестации. Излетот вон градот или прошетката пред спиење е убав начин за повторно размрдување, опуштање од друштвените мрежи и истегнување.
Тоа што надвор стана посвежо, не значи дека некои здрави навики би требало да ги одложите до наредното лето. Наутро почнете да трчате, затоа што спортот е потребен не само за прошетка во бикини, туку и за борбата против стресот и депресијата.
Бидете свои
Откажете се од работите и луѓето кои не ви се допаѓаат, без страв од тоа што другите ќе помислат. Не се срамете од своите недостатоци. Ценете ја својата различност и не се обидувајте да се интерегирате во тоа.
Ветете си дека ќе почнете да се прифаќате себеси. Бидете спремни дека нема тоа да им се допадне на сите.
Пронајдете удобност во непознатото
Топлиот џемпер, напитокот, каминот и другите елементи на есенскиот маркетинг создаваат слика на комфор – лежите во оргомни меки прекривачи, гледате филмови и пишувате досадни статуси на друштвените мрежи. Обидете се ова да не го практикувате.
Нека ви биде удобно на патот до некој нов град, додека комуницирате со странци, нека проучувањето на различните аспекти на животот не преставува стрес, туку уште еден начин да постигнете удобност.
Продолжете да се сакате себеси
Избегнувајте непотребни драми и токсични врски, лечете се, поставувате инспиративни цели за наредните месеци. Запишете што уште ви треба и смислете како тоа ќе го направите.
Следните три месеци ќе одредат во какво расположение ќе зачекорите во наредната година, така што ова време искористете го за работа на себеси.
Текстот Ветувања кои морате да си ги исполните оваа есен е превземен од Reporter.mk.