Скриените пораки зад бакнежот на мажот

Деловите од телото говорат повеќе од самите зборови, а тоа важи и за бакнежот – еве какво значење се крие зад начинот на кој ве бакнува!

Бакнеж во усни

Брзиот бакнеж во усните, онака пропратно, е начин на кој мажот кој ја сака својата партнерка ѝ порачува „здраво“ или „се гледаме подоцна“. Доколку ве така ве бакнува и дома, кога никој не гледа, тоа значи дека многу ве цени и дека навистина сте му станале составен дел од неговиот секојдневен живот.

Ако ве бакнува на овој начин и во јавност, тоа значи дека веројатно сака да има нешто сериозно со вас.

Бакнеж во глава

Овој бакнеж порачува дека сака сака да се грижи со вас, да ве заштити. Со него мажот ви испраќа порака дека му значите, дека сака да го дели просторот со вас и дека не сака да ве изгуби.

Бакнеж во рака

Овој бакнеж е начин на кој мажот флертува. Освен тоа, доколку ве бакнува во раката, со тоа покажува дека има самодоверба, но и дека сака да привлече внимание – затоа што необично е да бакнувате некого в рака доколку не сте член на кралското семејство.

Исто така овој бакнеж можеби значи дека повеќе ја цени „претставата“ и имиџот за себе отколку вас, затоа обратете внимание на неговото однесување.

Бакнеж во внатрешниот дел од зглобот

Ваквиот бакнеж е многу страсен и значи дека веројатно веднаш би ве одвлечкал во кревет, но го спречува тоа што можеби не сте сами.

Бакнеж во врат

Со овој бакнеж мажот покажува дека има силни чувства спрема вас, но тоа е и одличен начин да ви покаже дека ве посакува, без ниту еден изустен збор.

Француски бакнеж

Ако вака ве банува, тоа значи дека потполно сте го маѓепсале. Францускиот бакнеж најчесто се поврзува со тинејџерската возраст и долгото бакнување, но всушност е одличен начин партнерот да ви даде до знаење дека сте му привлечни.

Бакнеж во образ

Сосема е ОК доколку понекогаш партнерот ве бакнува во образ, но доколку постојано го прави тоа, веројатно повеќе не е толку заљубен во вас. Доколку се работи за мажот кој го сакате, а тој постојано ве бакнува во образ, тоа е малтене исто како да се ракувате.

Тој на овој начин ви покажува дека се грижи за вас, но не на оној романтичен начин и дека не го привлекувате како жена.

Бакнеж покрај окото

Можеби ваквиот бакнеж ви делува чудно и необично, но открива дека тој навистина ве цени и дека му значите. Со овој гест, мажот покажува чиста љубов.

Бакнеж во чело

Му се допаѓате вие, а не само вашето тело. Мажот кој ве бакнува во чело со тоа ви испраќа порака дека е секогаш тука за вас, дека ќе ве заштитува, дека ве сака вас, а не само вашето тело.

Бакнеж во стомак

Ако партнерот ве бакнува во стомак, тоа значи дека му е потполно пријатно со вас и дека чувствува дека и вие сте потполно природни и опуштени во негово присуство.

Со обѕир на тоа дека не го сакаат сите изгледот на својот стомак, тоа што партнерот ве бакнува токму во стомакот е начин да ви се заблагодари што дозволувате да бидете ранливи пред него.

Текстот Скриените пораки зад бакнежот на мажот е превземен од Reporter.mk.