Белгиските научници од болницата во Гент го открија скривалиштето на вирусот ХИВ, што претставува важен чекор во неговото искоренување, пренесува порталот Focus on Belgium.
ХИВ вирусот се крие во различни специфични ќелии од телото, така што може да биде под контрола на лекарите. Доколку пациентот прекине да зема ХИВ инхибитори, вирусот повторно може да се појави во тие ќелии и да предизвика негово размножување, наведуваат научниците од болницата во Гент.
Експертите сметаат дека ова откритие може да помогне во следното истражување на вирусот, додавајќи дека досега сметале дека се само ќелии на имунитетот кои активно се делат, од кои, едни од нив се одговорни за рамножувањето на вирусот.
СИДА или синдромот на стекнат имунолошки дефицит, претставува последниот стадиум на инфекција на ХИВ. Повеќе од 37 милиони луѓе во светот се инфицирани од овој вирус.
Извор: Mondo.rs
Текстот Научниците направија уште еден чекор кон искоренување на ХИВ вирусот е превземен од USB.mk.