Таткото на поп-ѕвездата Бијонсе и на пејачката Соланж Ноулс, Метју Ноулс (67) изјави дека боледува од рак на дојка. Само еден процент од мажите заболуваат од рак на дојка и тоа во зрелите години, и е смртоносен ако не се открие во рана фаза, пренесуваат американските медиуми.
По 30 години брак, Ноулс се разведе од Тина Ноулс во 2011. година. Тој честопати ја изневерувал, а за време на бракот доби уште две деца од две различни жени, ќерка Кои и синот Никсон. Истата година кога се разведе од нејзината мајка, Бијонсе ја прекина соработката со нејзиниот татко и го обвини за проневера, иако случајот никогаш не стигна на суд. Подоцна и Тина и Метју влегоа во нови бракови .
Текстот Таткото на Бијонсе има рак на дојка е превземен од Reporter.mk.