Во Сирија се тестирани најважните елементи на рускиот PVO систем S-500, „Прометеј“, наведува весникот „Известија“ повикувајќи се на изворите во Министерството на одбрана на Русија и воената индустрија.
Како што наведуваат изворите на весникот, во текот на тестирањето експертите идентификувале „одредени проблеми“ во работата на техниката, но тие многу брзо биле отстранети.
Исто така, се прецизира дека испитувањата се завршени и дека биле успешни.
Како што наведе бившиот заменик на главниот командант на военото воздухопловство на Русија за интегрираниот систем на противвоздушна одбрана, генералот-полковник Ајтеч Бижев, во текот на тестирањата кои им претходат на испораките на системи на вооружените сили, посебно внимание се посветува на непрекинатата работа на сите нивни компоненти.
Според неговите зборови, техниката е „тестирана во тешки технички и климатски услови и работи вуквално до абење”.
Производството на S-500 почна во јуни. Како што наведе генералниот директор на „Ростех“ Сергеј Чемезов, Русија овие системи се уште нема да ги продава „за било какви пари“, туку тие првенствено се прават за руската војска.
Радиусот на дејството на системот е 600 километри. Тој ќе може да открива и истовремено да погоди до десет балистилки мети кои летаат со брзина до седум километри во секунда. Исто така, ќе може да ги погодува боевите системи на хиперзвучните ракети.
Според карактеристиките, системот S-500 значително ќе го надминува противракетниот систем S-400, кој веќе е во употреба, како и својот американски конкурент, системот „Patriot Advanced Capability-3“.
Текстот Американски кошмар! Рускиот мега ракетен систем S-500 ги помина сите тестови во Сирија (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.