Српскиот актер Никола Којо заврши во болница во Загреб откако се лизнал на снимањето и паднал врз исечено дрво, пренесуваат српските медиуми.
Додека ги снимал кадрите во кои трча низ шумата, актерот се лизнал и со лицето паднал врз исеченото дрво. Веднаш бил превезен во болница, каде што му е направена снимка на главата.
Којо изјавил дека се чувствува добро.
Чекам да ме прегледа лекарот. Мислам дека не е нешто страшно. Лекарот ќе ми каже сè“, изјавил актерот, пренесува „Блиц“.
Сè се одвиваше како што треба. Којо е голем професионалец, меѓутоа, завреме на трчањето, не го виде исеченото дрво, па падна и се повреди“, изјавил изворот.
Текстот Никола Којо заврши во болница во Загреб е превземен од Reporter.mk.