Американскиот научник Џејмс Бенфорд објави дека вонземјаните ја набљудуваат планетата преку сонди кои ги поставиле на астероиди.
Физичарот и СЕТИ истражувач Џејмс Бенфорд смета дека блиските астероиди кои имаат слична орбита како Земјата се идеално место за шпионажа. Неговото мислење под наслов „Looking for Lurkers“ го објави реномираното списание Astronomical Journal во своето септемвриско издание.
„Сонда лоцирана на блиско растојание од нас би можела да си работи додека нашата цивилизација не развие технологија со која ќе ја пронајде, а штом би оствариле контакт би можело и да се оствари конверзација во реално време“, пишува Бенфорд.
Многумина сметаат дека Месечината е перфектно место за вонземна шпионажа, но Бенфорд не се согласува со тоа. Според него, тоа што дел од нејзината површина две недели е во целосна темница би го лишило секое летало од извор на сончева енергија поради што функционалноста би му била намалена. Додава и дека поставувањето сонди премногу близку до Земјата не би им одело во прилог на вонземјаните кои најверојатно би претпочитале да останат неоткриени.
Најблискиот астероид кој има слична орбита со векови ќе се движи блиску до Земјата. Ваквите тела за Бенфорд се идеални за вонземни шпионски сонди токму поради долготрајноста на сличната орбита.
Со ваквата теорија не се согласува физичарот и астробиолог Пол Дејвис, кој за порталот Live Science објаснува дека не верува во приказната дека вонземјаните не набљудуваат од вселената.
„ Мала е веројатноста да не набљудуваат. Но, ако истражувањето не чини премногу, не е лошо да се посети астероидот 2016 HO3. Тоа ќе биде одлична можност за извидување и може да собереме неколку примероци и да видиме што ќе правиме понатаму“, изјавил Дејвис.
Дејвис објаснува дека Кина во иднина планира ваква мисија и има желба да испрати вселенско летало на астероидот 2016 HO3 во 2022 година, со цел да собере примероци.
Текстот Познат научник тврди дека вонземјаните не шпионираат преку астероиди е превземен од USB.mk.