Џулија Хокинс е бабичка која има 103 години . Таа живее во САД и сè уште активно трча и
освојува златни медали.
Поради својата брзина и спретност таа го добила својот прекар „Ураган“, во 2017 година
Најголема желба на ова баба е да ги инспирира постарите луѓе да не со откажуваат од движење
и да продолжат да се занимаваат со своето хоби. Таа вели дека во нејзини години секој ден е
посебен, за секое ново утро е бескрајно благодарна и поради тоа таа се труди да остане
позитивна и постојано во движење.
„ Тајната на мојот долг живот се моите страсти. Страста е тоа што ме тера да продожам
понатаму. Тие работи едноставно ме тераат да продолжам да работам. Излезете од дома,
раздвижете се, запознајте нови луѓе и правете нешто ново секој ден“ – рече оптимистичната
Џулија. Таа додава дека никогаш не одбива нови искуства и понуди. Редовно посетува претстави,
мјузикли и оди и во црква. Себе се смета за авантурист и сака да пробува нови спортови и
активиности на кои што наидува.
Оваа 103 годишна баба има четири ќерки, три внуки и три правнуци. Освен што се занимава со
трчање, таа е многу успешна и во велосипедизмот.Во неколку интервјуа таа истакнува дека не
поминува ден, а да не оди да вози велосипед или да трча. Таа од секогаш уживала да спортува.
Текстот Џулија Хокинс на 103 години активно трча и освојува златни медали е превземен од Reporter.mk.