Доколку сте љубителка на модата, сигурно сте слушнале за следната фраза: „облекувајте се за работата која ја сакате, а не која ја имате“.
Понекогаш поради позицијата на работата која бара соодветен дрес-код не секогаш се чувствуваме расположено за бирање и комбинирање тренди комбинации кои ќе го покажат нашето потполно модно знаење.
Меѓутоа, иако не се чуствувате претерано задоволно, тоа треба да го надоместите со добриот стајлинг затоа што автоматски ќе се чувствувате подобро и со самото тоа ќе бидете позадоволни спрема себеси и своите успеси. Еден од најдобрите совети е тоа да не се држите до досадните одела и тмурните комбинации, туку да испробате нешто малку поинаку, како што е блузата во весели бои, пантолоните со интересни принтови и аксесоари кои го привлекува вниманието кон личноста која ги носи.
За да ви помогнеме во тоа, во продолжение ви претставуваме неколку прекрасни модни совети кои истовремено се многу едноставни и ги пратат последните модни трендови.
Не се плашете од неутралните палети на бои
Голем број блогерки често пати прават грешка така што ги избегнуваат неутралните палети на бои, а особено кремастите и сивите затоа што мислат дека тоа ќе ги направи постари. Неутралните бои се совршени за канцелариските работи, а суштината е да бирате модернизирани парчиња кои секогаш се во мода. Секогаш е добро да изберете монохромски стилови отколку со дезен.
Додадете структура на вашиот изглед
Ништо не може да го оспори добриот и удобен стајлинг. Меѓутоа, ако одите премногу во крајност, таквиот изглед за на работа нема да може да се толерира. За модерниот деловен изглед инвестирајте паметно. Побарајте остри линии и паметни сиулети кои се одлични за оставање на добар прв впечаток.
Блејзер како акцент на стилот
Како на наједоставен начин да го унапредите вашиот стајлинг од кежуал во деловен? Едноставно, со само додавање на блејзер. Инвестирајте во неколку различни модели кои можете да ги менувате секој ден и да ги комбинирате со останатите парчиња кои ги имате.
Унапредете ги „основните“ парчиња
Опуштениот стајлинг во петок е дозволен, но не дозволувајте да изгледате премногу опуштено. Унапредете ги своите омилени „основни“ парчиња така што ќе им додадете блејзер или удобни сандали на потпетица. Исто така, експериментирајте и испробувајте нешто ново.
Текстот Моден водич: Идеи како да се облечете за на работа е превземен од Reporter.mk.