Браќата Мартин и Стефан од дуото „Некст Тајм“ преработија уште една стара македонска песна, „Прошета се Јовка кумановка“. Песната е изработена по повод 500 години од постоење на градот Куманово.
„Покрај многубројните турнеи кои ги имавме низ Македонија и соседна Бугарија, паралелно работевме и на нашиот најнов музички проект, ‘Прошета се Јовка кумановка’. И оваа песна, како и претходните, ќе има филмска приказна, а режисер на спотот е Огнен Шапковски“, велат Стефан и Мартин.
Досега браќата преработија неколку стари македонски традиционлани песни: „Нешто ќе те питам бабо“, „Слушам кај шумат шумите“ и „Ја излези Ѓурѓо“
Промоцијата на песната и спотот е закажана за на 11 октомври во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово каде што ќе бидат одбележани 500 години од градот.
Текстот „Некст Тајм“ ја преработија „Јовка Кумановка“ е превземен од Reporter.mk.