Пејачката Даниела Мартиновиќ (48) во емисијата “Ин магазин“, која оди на хрватската РТЛ на шега кажа што би направила ако нејзиниот долгогодишен партнер, пејачот Петар Грашо (43) би ја изневерил.
„ Па, јас прво би ја погледнала девојката дали е убава, затоа што тогаш во тој момент неговата девојка станува моја, – рече Даниела во смеа. Но, пејачката не се плаши од оваа ситуација затоа што, како што вели, таа сè уште е среќна и задоволна во љубовта. Грашо пак неодамна призна во шоуто „ Ѕвезди-летен хит“, дека својата девојка ја запознал пред 22 години. Тој откри дека ја видел Даниел во 1995 година кога таа и Тончи Хуjиќ (57) победиле на хрвстакиот фестивал „Дора“ за избор на песна на Евровизија.
„На крајот, оваа ‘мала’, е моја девојка веќе 22 години, а овој човек покрај мене, Тончи, е мој пријател и еден од најдобрите автори на моите хитови. Животот е толку хумор понекогаш! – откри Петар Грашо пред јавноста.
Текстот Петар Грашо: Оваа „мала“ е моја девојка веќе 22 години е превземен од Reporter.mk.