(Фото) Бразилска манекенка со гол газ го прослави голот на Меси

Бразилската манекенка Сузи Кортез со разголена фотографија го прослави погодокот на Лионел Меси од слободен удар на синоќешниот натпревар против Севилја. Облечена во дрес на Меси, Мис Бум-Бум се сликаше пред телевизорот, а фотографијата ја сподели на социјалните мрежи каде ја следат преку два милиони фанови.

„Напред Барса! Денес почна сезоната на голови на најдобриот фудбалер на светот“, напиша Кортез под фотографијата.

Таа и покрај големите критики кои ги добива од бразилските фанови, го обожава Меси, кој е Аргентинец. Често ги слави неговите голови и асистенции. Минатиот месец објави фотографија од фудбалерот на Барселона, нарекувајќи го најдобриот фудбалер на светот.

За време на Копа Америка голем број Бразилци упатија низа критики затоа што навивала за Аргентина, а таа одговорила дека не навива за Аргентина, туку за најдобриот фудбалер во историјата Лионел Меси.

 

 

Текстот (Фото) Бразилска манекенка со гол газ го прослави голот на Меси е превземен од Reporter.mk.