Google им овозможи на европските градови да ја мерат загаденоста и емисиите

Алатот кој Google го понуди во САД за градовите да можат да ја мерат загаденоста и нивото на емисии отсега е достапен и во Европа.

Алатот ги комбинира податоците за транспорт и изградба од Google Maps со јавно достапните информации за емисиите. Алатот на Google на почетокот ќе биде достапен во Бирмингем, Манчестер, Вулверхемптон, Ковентри, Даблин и Копенхаген, а во план е и ширење на другите градови и континенти во наредните недели. Секој град може да се пријави преку онлајн формулар.

Алатот наречен Environmental Insights Explorer (EIE) нуди податоци во четири категории, а тоа се емисии во градежништвото, емисии во транспортот, општа емисија и соларен потенцијал.

Целта на оваа алатка е да им помогне на градовите да видат какви промени се потребни за да се намалат емисиите. Решенијата вклучуваат ленти за велосипеди или инсталација на соларни панели на згради.

Во посебен проект наречен Air View, автомобилите што се користат за Google Street View го мереле загадувањето на воздухот, додека се движеа низ градовите, вклучувајќи ги Лондон и Копенхаген. Овие информации се споделуваат и преку EIE алатката

„Овие нови податоци ќе му помогнат на Копенхаген прво темелно да го анализира квалитетот на воздухот во центарот на градот, на улиците во центарот и оние што водат до него. Ова го крие главниот проблем на загадувањето на воздухот во градот“, истакнаа градските власти на Копенхаген.

„Веќе прогласивме климатска итност и сега правиме планови кои ќе ни помогнат да станеме карбонски неутрални до 2040 година. Овие податоци, исто така, ќе ни помогнат да постигнеме подобри резултати во одредени делови“, рече градоначалникот на Западен Мидлендс, Енди Стрит..

 

 

Текстот Google им овозможи на европските градови да ја мерат загаденоста и емисиите е превземен од USB.mk.