На 25. септември годинава над островот Чилое во Чиле, беше фотографиран објект кој изгледа како огнена топка.
На социјалните мрежи најпрво се шпекулираше дека станува збор за пад на метеор, па дури имаше и слободни интерпретации дека се работи за вселенска огнена топка, односно многу сјаен метеор, кој предизвијал неколку локални пожари, пишува „Вајс“.
Se reporta caída de meteorito en mocopulli chiloe pic.twitter.com/7w3KGEgnln
— marcelo macaya (@mmacaya) September 25, 2019
Чилеанската влада наскоро направи анализа на околното подрачје погодено од пожарот, но не најде никакви траги од метеорити односно остатоци од метеор што завршиле на Земјата.
Геолозите од чилеанската Национална служба за геологија и рударство во саботата издадоа соопштение во кое се наведува дека метеорити не се причина за пожарот.
Се разбира, постои можност огнената топка што неодамна прелета над Чиле да биде метеор чија појава се совпадна со почетокот на локалните пожари. Астрофизичарот Џонатан Мек Дауел од универзитетот Харвард ден по појавата на огнената топка на небото на „Твитер“ напиша дека веројатно станува збор за метеорит.
DALCAHUE! Tras el trabajo en terreno realizado el día de ayer por geólogos de la Of. Técnica de @Sernageomin en #PuertoVaras, el Servicio descarta preliminarmente caída de meteorito en Dalcahue. Revisa nota completa en ▶️ https://t.co/SX35p1hfLo pic.twitter.com/b8LfQxO8yy
— Sernageomin (@Sernageomin) September 28, 2019
Но доколку снимената огнената топка не била метеор, без оглед дали го предизвикала пожарот илни не, што друго би можело да биде? Доколку помисливте дека станува збор за вселенско летло, можеби сте во право, но поверојатно е дека е фотографиран природен феномен односно нашиот вселенски отпад.
Имено, освен тоа што на Земјата секоја година паѓаат илјадници метеорити, на неа секоја година завршуваат и стотици парчиња од вселенски отпад. За среќа, тие главно паѓаат во океаните или на ненаселени копнени подрачја.
Во орбитата на нашата планета има милиони помали објекти, а неколку илјади се поголеми од 10 сантиметри. Врз основа на овие податоци, ваквата огнена топка би можела да биде остаток од некое вселенско летало, згаснат сателит, воен авион или други остатоци произведени од Земјаните, односно луѓето.
Текстот Таинствените огнени топки кои се појавија над Чиле не се метеори, тврдат научниците е превземен од USB.mk.