На каналот на YouTube корисникот кој се претставува како Ендру Витл, се појави видео кој многу медиуми го опишаа како „најубавата вест во изминатата недела“, а кое сведочи за тоа дека автопилотот на Tesla напредува во однос на чувањето животи.
Поточно, приказната почнува кога Витл седнал во својот Tesla Model 3 Тесла Модел 3 и се упатил кон Националниот парк Glacier во Монтана. Поголем дел од патувањето од Јута, каде што живее Витл, до Монтана се одвивало со помош на автопилот, вклучувајќи го и моментот кога автомобилот сопрел, бидејќи наишол на семејство мечки. Возилото се движело со брзина од околу 90 километри на час, но автоматски застанало веднаш штом детектирало необична пречка, што е доказ колку напредувале автопилот опциите. Не само што автопилотот „почувствувал“ мечки во темнината, додека автомобилот се движел релативно брзо, туку и опцијата Dashcam го снимила целиот настан во висока резолуција.
Најважно во целиот настан е тоа што автопилотот навреме ги забележал животните, што му овозможило на возилото постепено да забави, и од брзина од речиси 90 километри на час да дојде до целосно сопирање. Системот ги забележал животните во мрак, и покрај тоа што имаат темно крзно, кое што ги прави речиси невидливи во темнина.
Текстот Кога автопилотот на Tesla ги чува животните (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.