NASA ICON: На граница помеѓу Земјата и вселената (ВИДЕО)

NASA Connection Explorer или ICON леталото конечно на 10. октомври се најде во Земјината орбита, по неколку одложени лансирања. Леталото со големина на просечен фрижидер на тој начин тргна во мисија, отворајќи ги соларните панели, што значи дека има доволно енергија за да ги управува инструментите.

Леталото е дизајнирано за откривање и евидентирање на промените во јоносферата – горниот дел од атмосферата на кој влијаат појави од вселената. Така собраните податоци се испраќаат назад на Земјата, каде треба да им се помогне на научниците за подобро разбирање на промените во јоносферата кои влијаат врз копнените комуникациски системи и промените што се случуваат на вселенските летала, при поминувањето низ овој дел од атмосферата, кои влијаат на здравјето на астронаутите.

Мисијата на ICON е важна затоа што досега не беше едноставно да се разберат промените што се случуваат во јоносферата, бидејќи е премногу ниска за вселенските летала и премногу висока за метеоролошките балони. Леталото ќе ги помине следните девет месеци во јоносферата, а се очекува првите податоци да ги испрати уште во ноември.

 

 

Текстот NASA ICON: На граница помеѓу Земјата и вселената (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.