Ако треба бргу да ослабете, диетата која ја користат манекенките на „Викторијас сикрет“ е одличен избор. Оваа дсиета не е воопшто лесна, но гарантира дека ќе изгледате повитки – стомакот ќе ви исчезне, а задникот ќе ви се смали. Ако се придржувате до правилата, ќе можете и да ја задржите витата линија дури и откако ќе ја прекинете диетата.
Всушност, „ангелската диета“, како што ја нарекуваат, трае 13 дена. За тоа време, вашиот метаболизам ќе се забрза толку многу, што ќе почнете нагло да губите килограми. Трикот е да јадете седум дена во склад со одреденото мени, а потоа да ги повторувате јадењата од првите шест дена.
Од моментот кога ќе почнете да ја држите диетата, морате потполно да се одречете од солта, шеќерот и алкохолот. Се препорачува салатите да ги зачините со маслиново масло (не повеќе од една лажица!), а оцетот да го замените со лимонов сок. И не заборавајте да пиете чиста вода на собна температура, најмалку 2-2,5 литри дневно. Задолжително пијте чаша вода еден час пред јадење или еден час по оброкот. Водата ќе го намали чувството на глад, кој сигурно ќе се појави во првите денови од диетата.
Прв ден
Појадок: филџан црно кафе или зелен чај.
Ужина: едно јаболко (или било кое друго овошје).
Ручек: 2 тврдо варени јајца, зелена салата и еден домат, 2 компира.
Вечера: големо говедско парче месо на скара и зелена салата.
Втор ден
Појадок: филџан црно кафе без шеќер и млеко или чај, тост од р’жан леб.
Ужина: едно зелено јаболко.
Ручек: големо говетско парче месо, зелена салата, 1 свеж домат, филџан зелен чај.
Вечера: супа од зеленчук (една чинија).
Трет ден
Појадок: филџан кафе без шеќер и млеко или чај, тост од цело зрно.
Ужина: чаша природен јогурт со ниска масленост.
Ручек: големо парче месо, зелена салата, чаша од било кој свежо исцеден сок.
Вечера: 2 тврдо варени јајца и 2 парчиња шунка со ниска масленост.
Четврт ден
Појадок: филџан кафе без шеќер и млеко или чај, тост од цело зрно.
Ужина: една дланка јаткасти плодови (ореви или бадеми).
Ручек: големо говетско парче скара, зелена салата, филџан зелен чај.
Вечера: 2 тврдо варени јајца и 2 парчиња шунка со ниска масленост.
Петти ден
Појадок: еден морков зачинет со сок од пола лимон.
Ужина: една банана.
Ручек: риба на жар, 1 голем свеж домат, шолја црно кафе без додатоци.
Вечера: парче месо, зелена салата, чаша свежо исцеден овошен сок.
Шести ден
Појадок: филџан кафе без шеќер и млеко или зелен чај.
Ужина: чаша јогурт и една банана.
Ручек: пилешки прсти, зелена салата, филџан црно кафе без додатоци.
Вечера: парче месо и зелена салата.
Седми ден
Појадок: филџан кафе без шеќер и мело или зелен чај.
Ужина: една банана.
Ручек: парче месо и зелена салата.
Вечера: зелена салата и неколку парчиња сирење.
Резултатот по таквата диета е импресивен: за речиси две недели можете да се ослободите од 4-8 килограми (овде е сѐ индивидуално). Постепено додавајте зеленчук, овошје и месо во исхраната (прво е подобро да додадете пилешко, а потоа и телешко). И најбитно е: продолжете да внимавате на јаглените хидрати и мастите во вашето мени да бидат со пониска вредност од протеините. Тогаш ќе бидете во одлична форма во текот на целата година. Секако, пред да ја почнете диетата консултирајте се со вашиот лекар или со нутриционист.
Текстот Намалете 8 килограми за две недели со диетата на ангелите на „Викторијас сикрет“ е превземен од Reporter.mk.