За разлика од традиционалното производство, 3Д-печатењето им овозможува на луѓето да создадат разни видови на предмети и облици што можеби не е можно да се создадат со употреба на традиционални методи. Во овој дух, видовме како 3Д-печатењето може да се користи во медицински цели, за 3Д-печатење на живи ткива или обичен гипс. Видовме дека се користи и за производство на возила, како мотоцикли.
Се дојде дотаму што навистина не изненадува сознанието декс нашите транспортни возила би можеле да бидат 3D-печатени во иднина. Во овој контекст, можеме да се заблагодариме на работата на истражувачите од Универзитетот во Мејн, кои успеаја 3Д да отпечатат цели брод. За тој зафат, тимот собори три светски рекорди во исто време.
Ако сметавте дека печатењето на цел брод е импресивно, како што наведува универзитетскиот тим, се чини дека ова не е најголемиот објект што нивниот печатач може да го отпечати. Наводно, доколку се користи до крајни граници, може да печати предмети во должина до 30 метри, широчина од седум метри и висина од три метри.
3Д-печатењето е прилично неверојатно, затоа што бродот што нормално би требало да се составува со недели или месеци, беше направен за три дена. Ваквиот начин на користење на оваа технологија не е новост, бидејќи американските маринци во 2018 година успеаја 3Д да отпечатат бетонски бараки за 40 часа.
Текстот Најголемиот 3D-печатач на светот отпечати цел брод (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.