(Видео) Петте најопасни аеродроми во светот

Има низа на аеродроми во светот кои се изградени на специфични и опасни места. Пилотите имаат многу тешкотии за време на слетувањето поради кратките и тесни писти, кои најчесто завршуваат со бездна. Дополнителни проблеми им предизвикуваат и лошата видливост и недостигот на осветлување.

На некои од овие аеродроми, пилотите прелетуваат многу ниско над населени места. Тие велат дека најмногу се плашат да слетаат на аеродромите „Лука“ во Непал, „Мадеира“ во Португалија, „Куршевел“ во Франција, „Бара“ во Шкотска и станицата „Мек Мурдо“ која се наоѓа на Антарктикот.

Секое летање на овие писти е чисто коцкање со животот, сметаат пилотите. Некои од овие пистите се мали, покриени со лед и песок и немаат никаква прегледност во текот на ноќта затоа што немаат осветлување. Лошата видливост, планинските предели и морските гребени исто така се дел од проблемите со кои тие се соочуваат.

 Ова се петте најопасни аеродроми на светот:
 

1. Аеродромот Лукла, Непал
 
Овој аеродром се наоѓа во Непал и за него постојат приказни дека патниците секогаш аплаудираат кога пилотот успешно ќе го приземји авионот. Сите се исплашени за време на слетувањето. Пистата е многу тесна и кратка и нема премногу простор за маневар. Направена е на височина од 2842 метри и една од пистите која се наоѓа на најголема височина.
2. Аеродромот Мадеира, Португалија
Аеродромот Мадеира е изграден на популарна локација во Португалија, а популарноста ја стекнал кога беше преименуван во името на најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо. Овој аеродром е познат како трет најопсен во Европа поради тесната писта и силните ветрови кои доаѓаат од морето.
3. Меѓународниот аеродром Куршевел, Франција
Овој аеродром се наоѓа во градот Куршевел, во француските Алпи. Се наоѓа на планинско подрачје и има кратка писта од само 537 метри. Ако има магла, слетувањето е невозможно да се изведе.
4. Аеродромот Бара, Шкотска
Аеродромот Бара стекна епитет на еден од најопасните во светот затоа што неговата писта се наоѓа на плажа. Високата плима може да го поремети редот на летање, а понекогаш возачите ги палат светлата на автомобилите на паркинг, за да им помогнат на пилотите за време на слетувањето.
5. Станица Мек Мурдо, Антарктик
Овој аеродром се наоѓа среде Антарктикот. Сите три писти на станицата Мек Мурдо се направени од мраз. За време на зимата, која може да трае со месеци, пилотите мораат да слетуваат за време на мракот и да користат опрема за ноќно слетување.

Текстот (Видео) Петте најопасни аеродроми во светот е превземен од Reporter.mk.