Во САД се забранува учество на животни во циркуз

Гувернерот на американската држава Калифорнија Гевин Њусон, го одбрил законот со кој се забранува учество на повеќето животни во циркуз. Законот не се однесува само на припитомените кучиња, мачки и коњи, пренесува агенцијата „Асошиејтед Прес“.

Американската агенција наведува дека цирксузите низ САД се повеќе губат на популарност кај луѓето. Најпознатите циркузи „Ринглинг Брос“ и „Барнум и Бејли“, се затворија во 2017 година, по 147 години постоење.

Осумнаесет циркузи во САД воопшто не користат животни, а меѓу нив се и „Сирк ди Солеј“. Демократскиот сенатор од Калифорнија Бен Хуесо, кој претходно го предложил овој закон, во текстот законот напишал дека животните во циркузите се подложни на сурови услови и тренинзи и дека изведувањето на претстави во присуство на голем број луѓе, може негативно да влијае на нив.

 

 

Текстот Во САД се забранува учество на животни во циркуз е превземен од Reporter.mk.