Израелската јавна радиодифузна корпорација (ИЈРК) вчера потврди дека „Евровизија“ следната година ќе се одржи во Израел, откако вчера уплатија 12 милиони евра во ЕБУ, како гаранција дека ќе го организираат настанот. Веста ја потврди и министерот за финансии на Израел, Моше Калон.
„Израелската влада ќе стори сé за да ја обезбеди ‘Евровизија’ во Израел следната година,“ рекол тој.
Европската дифузна унија му даде рок на Израел до 14 август да ги уплати почетните 12 милиони евра на швајцарска сметка, како гаранција дека ја прифаќа организацијата. Доколку не ги уплатеа парите, организацијата ќе ѝ припаднеше на друга држава, соопштија од ЕБУ. Победата на пејачката Нета Барзилај со песната „Тоу“, веднаш почнаа противењата фестивалот да се одржи во Израел од безбедносни причини. За сега не се знае дали домаќин на фестивалот ќе биде Тел Авив или Ерусалим. Според ЕБУ, градот домаќин ќе го потврдат во септември.
Текстот Израел најде пари за Евровизија е превземен од Reporter.mk.