Животот на друга планета е глупост, тврдат нобеловеците Мајк Мејор и Дидиер Квелоз

Нобеловецот Мајк Мејор целосно ги отфрли теориите за живот на друга планета, сметајќи ги како глупост. Тој со неговиот колега исто добитник на Нобелова награда, Дидиер Квелоз сметаат дека давањето лажна надеж на човештвото дека постои живот надвор од нашиот Сончев систем е глупава идеја.

Мајк и Дидиер беа првите луѓе кои во 1995 година ја открија првата егзопланета, за која велат дека има сличен потенцијал со развојот на животот на Земјата.

 

„Никогаш нема човештвото да мигрира на некоја друга егзопланета. Ова мора да ни биде јасно на сите. Овие планети се предалеку за да може човекот да се пресели на нив“, вели Мејор за агенцијата „Франс прес“.

Двајцата нобеловеци веруваат дека треба на сите преокупација да ни биде состојбата во која се наоѓа Земјата и начинот на кој човекот се однесува кон неа. Во никој случај не треба да се фокусираме на било каква преселба на друга планета.

„Ние треба прво да се погрижиме да ги подобриме условите на нашата планета. Сè друго е доведуање на луѓето во заблуда“, вели Мејор.

Тој објаснува дека дополнителни проблеми можат да настанат со климатските промени. Забрзаната промена на климата е се почеста појава. Научниците предуредуваат на зголемено ниво на јаглероден диоксид и зголемувањето на нивото на морето. Глечерите се топат побргу од кога било претходно. Ваквото мислење го делат и експертите од Светската метеоролошка организација, која учествуваше на самитот на ООН за климатски промени.

Текстот Животот на друга планета е глупост, тврдат нобеловеците Мајк Мејор и Дидиер Квелоз е превземен од Reporter.mk.