Virgin Orbit наскоро тргнува во освојување на вселената, а нивната прва мисија е Марс и планираат да испратат три сателити за истражување на Црвената планета.
Според сè што читаме последните години за развојот на вселенската технологија и плановите за освојување на вселената, следната деценија ќе биде неверојатно возбудлива и човекот навистина би можел да отиде таму каде што никогаш не бил. Доколку се остварат најамбициозните и најоптимистички планови, веќе во првата половина на деценијата можеме да очекуваме две историски мисии – мисијата „Артемис“ на НАСА и после толку години, повторно освојување на Месечината и походот на SpaceX на Марс.
Елон Маск веќе извесно време тестира нов ракетен систем, кој треба да го однесе првиот човечки екипаж на Црвената планета и има уште пет години да ја подготви логистиката и да ја усоврши технологијата за таа револуционерна мисија.
Иако најмногу се пишува се NASA и Space X, и другите земји и трговски компании имаат свои вселенски планови. Во Virgin Orbit најавија три мисии за Марс (компанија создадена од Virgin Galactic), и доколку се оди според планот, најраната мисија можеме да ја очекуваме за три години. За разлика од SpaceX, кој има намера да испраќа луѓе, Virgin Galactic, во соработка со полската компанија SatRevolution и неколку факултети од таа земја, има намера да испрати три мали сателити на Црвената планета. Ако успеат во тоа, тоа ќе биде првата комерцијална компанија, што се упатила на толку долго патување во вселената.
Virgin Orbit е посебен по начинот за лансирање ракети, кои ќе ги носат сателитите. Ракетите „LauncherOne“ ќе ги лансираат од воздух, односно имаат намера да ги постават на крилото на „Боинг 747“ и да ги лансираат од голема висина. Досегашниот проблем на овој начин на лансирање, за кој е потребно многу помалку гориво, беше големата тежина на ракетите и товарот и авионите не можеа да полетуваат поради ова. Но, бидејќи сателитите во денешно време стануваат сè помали и полесни (сателитот на SatRevolution е тежок околу 50 кг) – вкупната тежина која мора да ја носи авионот е многу помала, поради што во Virgin Orbit така веруваат во дека тоа ќе им овозможи воздушно лансирање на ракета и поевтин пат до Марс.
Целта на мисиите ќе биде снимањето на површината на Марс и Месечината Phobis, проучување на атмосферата и истражување на копното во потрага по подземни води.
Досега се сметаше дека ракетите лансирани од авиони не можат да одат толку далеку во вселената, но во Virgin Orbit одлучија да додадат уште еден мотор на постоечката ракета, која би требало да помогне во патувањето кон Марс, а во компанијата веќе размислуваат и за други дестинации како Месечината, Венера и блиските астероиди.
Текстот Мисија на Марс: За три години Virgin Orbit ќе испрати три сателити на Црвената планета е превземен од USB.mk.