Мајкл Даглас: Дрогата ми го уништи синот, за момент помислив дека ќе го изгубам

Актерот Мајкл Даглас во едно од своите последни интервјуа искрено проговори за животот на неговиот син Камерон Даглас и големите предизвици и тешкотии со кои тој се соочил во минатото. Камерон е познат по неговата зависност од кокаин во минатото, а седум години ги мина во затвор затоа што продавал дрога.

„Имаше моменти кога со мојата поранешна сопруга Диандра Лукер изгбивме секаква надеж. Животот ни се претвори во пекол. Влегувавме од криза во криза. За момент помислив и дека ќе го изгубам. Дека ќе останам без мојот син“, изјавил Мајкл Даглас.

Камерон уште на 20 години станал зависен од дрогата и хероинот. По седум години поминати во затвор, тој за магазинот „Пипл“, изјавил дека сака да се промени и целосно да му се посвети на семејството и на луѓето кои имаат проблем со зависноста од хероин. Камерон кој призна дека поседувал и пиштол кажал дека на моменти паднал во сериозна криза и депресија и размислувал да си го одземе животот.

„Го мразам животот кој го поминав во затвор. Ја мразев и дрогата, но едноставно не можев да престанам да ја земам. Кога толку ќе се закопате во дупка, постојат само две опции. Или затвор, или смрт“, изјавил синот на познатиот актер, кој откако бил обвинет дека продавал метамфетамин и кокаин одлежал седум години во затвор.

Камерон сега е во среќен брак со јога инструкторката Вивиан Дибес, со која ја има 22 месечната ќерка Лу.

Текстот Мајкл Даглас: Дрогата ми го уништи синот, за момент помислив дека ќе го изгубам е превземен од Reporter.mk.