Кијану Ривс верува дека моќни елити го контролираат светот

Актерот Кијану Ривс за време на снимањето на една реклама за „Супербоул“, во пустината Мојава, изјавил дека човештвото е заробено повеќе од 1000 години и дека наскоро секој од нас ќе се ослободи од матрицата. Актерот објаснил дека елитата во сенка и тајните друштва не држат во ментален затвор и прават сè што е во нивна моќ за да го потиснат и спречат нашиот потенцијал.

„Човечката раса е заробена 1000 години. Но, сега покажуваме знаци на ослободување од матрицата. Сега живееме во возбудливи времиња и доаѓа време на пресврт“, изјавил Ривс.

Ѕвездата на „Матрикс“ вели дека има прочитано многу древни книги и научил многу за минатото и сегашноста во која живееме. Сега најважна е војната која се води меѓу нашите сегашните елити и оние кои сакаат да не ослободат.

„Се разбира дека постојат уште многу луѓе кои ги интересира Ким Кардашијан. Но, поголемиот дел од населението почнува да се буди“, изјавил Ривс.

Ривс вели дека матрицата претставува холограмска вселена која ни се поттурнува од страна на оние кои сакаат да не контролираат. Човештвото е потиснато и контролирано на овој начин веќе со илјадници години.

„Ние мислиме дека тоа е реалност, но всушност тоа е само филм кој се игра во нашата колективна свест и кој ни се претставува како реалност“, вели Ривс.

Некои од најбогатите и највлијателните луѓе се убедени дека живееме во компјутерска симулаицја. Најмалку два технолошки милијардери од Силицијската долина вложуваат пари и напор да ги оттргнат луѓето од симулацијата во која живееме. Милијардерот Елон Маск е еден од оние кои го дели мислењето со Ривс. Тој верува дека големи се шансите човекот да живее во компјутерска симулација од типот на матрица.

„Многу луѓе во Силициската долина станаа опседнати со идејата дека она што го доживуваме како реалност, всушност е произведено во компјутер“, пишува New Yorker. Двајца технолошки милијардери отидоа до тој чекор подалеку, што тајно ангажирале научници да работат на нашето излегување од симулацијата.

Ривс верува дека милијардерите од Силициската долина на погрешен начин го имаат разбрано нашето ослободување од матрицата. Акерот ги советува дека парите немаат никаква врска со ослободувањето на човекот од матрицата.

„Ставите си ги парите назад во џебовите. Тоа нема никаква врска со доларите или компјутерите. Станува збор за духовен чекор, кој треба да си дојде на свое место, но тоа не треба да се случи преку хакирање“, порачува Ривс.

Според актерот духовните чекори кај некои од луѓето веќе се случуваат. Тој смета дека луѓето се изморени од непотребни војни, тоталитарни водства и авторитарни контроли. Тие веќе го имаат разбрано она што е најважно во животот.

„Мислам дека кај луѓето постоеше вистински страв се до неодамна за крајот на светот. Чувствуваа како работите да излегуваат од контрола. Некои изгубија секаква надеж за спас. Потребно е само да се отворат очите за една минута и да се видат работите околу нас. Ќе се изненадите од манипулациите кои секојдневно се случуваат. Луѓето како Доналд Трамп ја подигнаа завесата со неверојатна мрежа на меѓусебно поврзани манипулации“, вели Ривс.

Ривс порачува дека време е човекот да ја врати нашата бесконечна моќ и да ги отвориме вратите на менталниот затвор кој поттикнати од другите го изградивме самите за себе.

 

 

 

 

Текстот Кијану Ривс верува дека моќни елити го контролираат светот е превземен од Reporter.mk.