„Отсега ќе ја пазам снаата“, Цеца пресреќна дека ќе стане баба

Откако медиумите во регионот открија дека синот на српската фолк-ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, Вељко, ќе стане татко, и пејачката преку „Инстаграм“ потврди дека ќе стане баба. Таа објави слика од синот Вељко и неговата девојка Богдана и откри дека е во еуфорија откако дознала за бременоста на идната снаа.

„Пресреќна сум, ова е многу убава вест за моето семејство. Се радувам. Бев во неверување кога Вељко ми соопшти, а тогаш емоциите се мешаа. Не умеам да го опишам ова чувство, се уште сум во еуфорија. Снаата ќе ја пазам и мазам сега повеќе од претходно, за новиот член да ни дојде во радост и среќа“, напиша Цеца.

Ова е прво дете на Вељко и Богдана. Тие се во врска повеќе од две години, а се верија лани во март. За сега не најавуваат кога ќе се венчаат.

Текстот „Отсега ќе ја пазам снаата“, Цеца пресреќна дека ќе стане баба е превземен од Reporter.mk.