Кралицата на соул-музиката, Арeта Френклин, почина почина на 76-годишна возраст од рак на панкреас, пренесоа американските медиуми. Публицистот Гвендолин Квин изјавил за „Асошиејтед прес“ дека Френклин починала денеска во 9:50 наутро по американско време во нејзиниот дом во Детроит од рак на панкреасот.
Пејачката минатата недела беше итно пренесена во болница, а семејството со порака на „Твитер“ побара од нејзините обожаватели да се молат за неа.
Френклин во кариерата има добиено 18 Греми награди. Таа е првата жена која се најде во „Рокенрол куќата на славните“. Лани таа најави дека ќе престане да настапува во живо, ама дека и понатаму ќе продолжи да снима музика.
Текстот Почина соул-пејачката Арета Френклин е превземен од Reporter.mk.