Поп-пејачот Александар Белов прослави пет години врска со својата девојка Јелена Станковиќ. Покрај фотографијата што ја објави на „Фејсбук“, тој напиша „Само една е вистинска среќа во животот, да сакаш и да бидеш сакан“. Белов додаде дека таа среќа ја има веќе 1827 дена. За „Репортер“ тој рече дека годишнината со Јелена ја прославиле дома со романтична вечера.
„Овојпат јас готвев, го направив нејзиното омилено јадење. А не сум некој што го бива во кујна. Пред неколку години ќе го запалев станот додека правев шпагети. Овој пат се покажав, направив дури и лесен десерт“, ни раскажа тој.
Александар и Јелена се запознаа во 2010 година, ама врската ја почна три години подоцна.
„Долго време љубовта ја одржувавме на релација Македонија-Србија. Пред една година јас се преселив во Крагуевац, каде што живееме заедно“, рече Александар.
Белов секоја недела има по неколку настапи со својот бенд, а настапуваат и во Србија и во Македонија. Наскоро ќе влезе во студио да сними нова песна, која ќе ја отпее на двата јазика.
„Време е да снимам нешто ново. Тоа си го должам и на себе, ама и на публиката ме поддржува сите овие години,“ ни рече тој.
(А.Ј)
Текстот Романтична вечера за годишнината на Белов е превземен од Reporter.mk.