Дино Мерлин ќе пее за Нова година во Скопје

Босанскиот пејач Дино Мерлин ќе пее на плоштадот „Македонија“ за Нова година. Тој на прес-конференцијата, што се одржа денес, откри дека ќе пее во Скопје заради упорноста на градоначалникот Петре Шилегов.

„Имав неколку понуди, но решив да пеам кај вас затоа што вашиот градоначалник беше многу упорен“, рече популарниот пејач.

Подготовките за Нова година 2020 се веќе почнати. И оваа година на плоштадот ќе биде поставена новогодишната населба „Винтерленд“. Таму, исто како и лани, ќе се одржат многу концерти, но засега не се потврдени имињата на пејачите што ќе ги забавуваат посетителите. Новогодишното осветлување ќе почне да се поставува наскоро, а празничните светилки ќе се вклучат на 1 декември.

 

Текстот Дино Мерлин ќе пее за Нова година во Скопје е превземен од Reporter.mk.