На 11 ноември светските научници преку мерни инструменти уловиле мистериозен звук во длабочините на Земјата. Не знаат од што би можело да биде предизвикан звукот, но објаснуваат дека се слушало како некој да удира на ѕвоно. Изворот бил оддалечен 4 километри од француски остров, меѓу Африка и островот Мадагаскар.
Научниците имаат неколку претпоставки што би можело да биде предизвикан мистериозниот звук. Тие не ги отфрлаат теориите за удар од мал метеорит, подземен вулкан, можеби таен нуклеарен тест. Исто така земена е во предвид теоријата и за вонземјани, пренесува Ancient Code.
Сеизмичките апарати најмногу ги регистрирале брановите кои доаѓале под островот Мајота. Подоцна се огласиле и сеизмичките сензори во Замбија, Кенија и Етиопија. Биле забележани истите ефекти. Сеизмичкиот бран продолжил да патува се до Чиле, Канада, Нов Зеланд, па дури и на другиот крај од планетата Хаваи.
Светскиот сеизмолог Горан Екстрим, од Универзитетот во Колумбија, објаснил дека додека планетата ѕвонела, сеизмичките бранови одржувале монотони ниски фреквенции. Научниците објаснуваат дека земјотрес се случува кога ќе настане пукнатина на некоја од плочите длабоко во Земјината кора. Тогаш настануваат импулси, познати како сеизмички бранови кои зрачат од местото каде што се слчила пукнатината.
Екстрим објаснува дека постојат таканаречени примарни бранови кои се најбрзи вид на сеизмички бранови. Овој вид на сигнали се први кои сеизмичката станица ги регистрира. На тој начин научниците можат да дознаат со колкав интезитет е земјотресот. Овие бранови се движат низ цврстите карпи и течности.
Потоа научниците ги откриваат секундарните бранови. Тие ги поместуваат честичките кои се наоѓаат длабоко во кората на земјата, но и на површинскиот слој. По примарните, ова се вторите најбрзи бранови, кои можат да ги забележат сеизмолозите. Потоа научнците ги регистрираат површинските бранови.
Површинските бранови патуваат само низ Земјината кора. Овие бранови претставуваат низа на фреквенции од телесни бранови и лесно можат да се забелжат и да се разликуваат на сеизмограмот. Експертите објаснуваат дека површинските бранови речиси во целост се одговорни за штетата и уништувањата кои настануваат од земјотресите.
Екстрим објаснува дека тоа што се случило на 11 ноември е вистински феномен. Тој ден не биле детектирани ниту примарни ниту секундарни бранови. Научниците само регистрирале длабоки, резонантни, површински бранови.
Уште понеобично е тоа што површинските бранови не означиле никакви тресок како што тоа обично го прават површинските бранови. Наместо тоа, научниците регистрирале чиста фреквенција, речиси во налик на музика.
Текстот Земјата ѕвонела 20 минути, научниците збунети е превземен од Reporter.mk.