Во зоолошката градина во Париз, утре ќе биде претставен првиот „вонземјанин“. Француските научници велат дека откриле досега невиден организам кој го крстиле со името blob, што во превод значи дамка. Тие велат дека организмот има форма на печурка.
Организмот нема уста, стомак и очи, но сепак може да детектира храна и да ја свари. Има 720 полови и може да се движи иако нема ниту нозе ниту крилја. Ако се пресече на половина, тој се регенерира во период од две минути.
„Овој организам е мистерија на природата. Иако е без мозок организмот прима информации за околината и може да учи. Ако споите две дамки, таа која што веќе има стекнато некакво знаење, брзо може да и го пренесе на другата половина“, вели Бруно Давид, директорот на Музејот по историја на природата во Париз.
Името „Дамка“ го добил по научнофантастичниот хорор филм од 1958 година, во кој главната улога ја игра младиот Стив Меквин. Во филмот голем вонземјански организам наречен „Дамката“, уништува се што ќе му се најде на патот во еден град во Пенсилванија.
„Со сигурност знаеме дека не е во прашање билка, но не сме сосема сигурни дали станува збор за животно или печурка“, изјавил Дејвид.
Тој додал дека „дамката“ се однесува изненадувачки за нешто што изгледа како печурка, затоа што се однесува како животни и има способност да учи.
Текстот (Видео) Во зоолшка во Париз ќе биде претставен првиот „вонземјанин“ е превземен од Reporter.mk.