(Видео) Плејбој зајчица ќе му биде конкуренција на Џастин Трудо на изборите во Канада

Поранешната плејбој зајчица Ања Кросинска, ќе му биде сериозна конкуренција на канадскиот премиер Џастин Трудо на престојните парламентарни избори. Таа ќе се кандидира за пратеничко место во Блек Крик, место блиску до Торонто. Позната е од насловните страни на „Плејбој“ и има учествувано на изборите за „Мис Хаваи“ и „Мис Торонто“.

Ања е член е на десничарската партија ППЦ. Иако и самата потекнува од Полска, таа се противи на понатамошното населувањето на мигрантите во Канада.

„Родена сум во Полска и говорам течно полски. Горда сум на своето потекло и традиција. Моите баба и дедо, како и поголемиот дел од моето семејство живее во Полска“, изјавила Ања.

Во 2013 година основала непрофитна организаија чија цел била да им помогне на бездомниците и младите луѓе во борбата против зависните болести. Има соработувано со многубројни хуманитарни организации за лечење на младите од рак. Има собрано повеќе од 15 милиони долари за лечење на болните деца во Торонто.

Ангажирана е и како соработник во Полско-канадската трговска комора.

„Ајде да ги донесеме промените. Да, јас сум манекенка, бегалка од Полска и Германија, од каде емигриравме во Канада. Исто така сум и мајка. Активистка и борец“, навела Ања во кампањата на својата партија.

Парламентарните избори во Канада ќе се одржат за три дена.

Текстот (Видео) Плејбој зајчица ќе му биде конкуренција на Џастин Трудо на изборите во Канада е превземен од Reporter.mk.