Српскиот музичар Момчило Бајагиќ Бајага на почетокот немал среќа во љубовта со сопругата Емилија. Двајцата се запознале во автобус, а кога музичарот собрал храброст да ја праша да излезат, таа го одбила.
„Ема живееше во Земун. Кога прв пат ја видов во автобус ја прашав дали сака да излезе со мене во недела, таа ме одби. Ми рече дека не излегувала во недела. Јас тоа го сватив дека не сака да биде со мене. Си помислив – кој не излегува во недела? – Не сакав да ја притискам со дополнителни прашања. Ми беше незгодно. Подоцна разбрав дека излегувала само во сабота. Неколку месеци потоа почнавме да се гледаме“, вели Бајага.
Двојката по седум години врска се венчаа во 1989 година. Веќе следната година го добиле синот Марко, а осум години подоцна и ќерката Анѓела. Тој вели дека неговата сопруга и деца одлично се носат со притисокот на јавноста и тоа што тој е познат рокер.
„За јавните личности се пишува сè и сешто. Ема тоа добро го поднесе. Особено пртвите години од нашата врска беа највозбудливи. Не можевме да одиме на летување на места каде што луѓето најчесто одат. Еднаш се обидовме да ја избегнеме гужвата на далечна плажа. Но, оддеднаш се појавија петмина лица и постојано гледаа во мене“, вели Бајага.
Пејачот вели дека ниту неговите деца не им било лесно на почетокот што имаат познат татко. Но, од друга страна да се има славен родител е привилегија, особено кога се организираат големи концерти, смета Бајага.
„За време на концертите сум нервозен, а тоа потоа се пренесува и на нив. Многу пријатели од школските денови ми бараат карти за концерт, па потоа кога ќе се вратам дома, истата песна ме чека и со моите деца“, раскажува Бајага.
Текстот Бајага: Сопругата ме одби за првиот состанок е превземен од Reporter.mk.