(Фото) Џенифер Анистон објави фотографија на „Инстаграм“ кога била девојче

Актерката Џенифер Анистон повторно стана главна на „Инстаграм“ со објавената нова фотографија од времето кога била девојче. Таа го украде вниманието на речиси шест милиони обожаватели кои ги освои за помалку од еден ден.

„Со стил, некогаш и сега“, напишала Анистон на фотографијата

Анистон пред два дена се приклучи на милионите корисници на „Инстаграм“. Нејзината прва фотографија беше со екипата од „Пријатели“, а досега на социјалната мрежа Анистон има собрано преку 14 милиони фанови.

Текстот (Фото) Џенифер Анистон објави фотографија на „Инстаграм“ кога била девојче е превземен од Reporter.mk.