(Видео) Меган: Тешко е ми е да бидам мајка поради притисокот од јавноста

Меган Маркл во новиот снимен документаарец за неа и принцот Хари, се пожали дека ѝ е тешко во улогата на мајка, затоа што постојано е под притисок на јавноста. Телевизијата ITV откри снимка од новиот филм за кралската двојка Harry & Meghan: An African Journey, кој за прв пат ќе се прикаже денес во Обединетото кралство.

Војвотката објаснува дека секоја жена кога е трудна е ранлива. Особено следува тежок период за жените кои прв пат стануваат мајки или штотуку се венчале.

„Секоја жена кога е трудна е ранлива. Па така беше и со мене. Ми беше многу тешко. Особено во периодот кога го добив Арчи. Дополнителен притисок имав поради јавноста“, изјавила Меган.

Меган се најде на големи критики од јавноста за време на нејзината турнеја во Африка. Таа и Хари за прв пат со себе го земаа и синот Арчи. Кралското семејство беше видено на една јавна прошетка и за време на еден поло натпревар. Многумина тогаш ја обвинија Меган дека не знае да се однесува како мајка.

„Па таа не знае ни да го држи сопственото дете како што треба“, „Ќе ѝ испадне детето“, „Срамота е што не си ги научила основите како да се биде мајка“, биле само дел од нападите на голем број луѓе на социјалните мрежи, упатени до Меган Маркл.


 

 

Текстот (Видео) Меган: Тешко е ми е да бидам мајка поради притисокот од јавноста е превземен од Reporter.mk.