Фронтменот на „Рибља Чорба“ Бора Чорба ги негираше пишувањата дека морал да ги откаже сите концерти за да оди на операција на рак на простатата. Рокерот вели дека ниту еден концерт не е откажан и дека во никој случај не се собирале пари за негово лечење. Претходно неименуван извор излезе со изјава за списанието „Свет“ дека Бора е од неодамна дознал дека е тешко болен и дека поради итноста на интервенцијата ги откажал сите негови концерти.
„Рибја Чорба не откажа ниту ќе откаже ниеден настап. Напротив веќе на 7ми декември сме во Минхен, а во подготовка е голема турнеја. Закажани се датуми и за американскиот дел. Веста за откажување на концертите е злонамерна со тенденција да ни ги обезвредни прекрасниот албум „Да тебе није“, внесе несигурност кај нашите обожаватели и да ги обесхрабри организаторите. Исто така злонамерно е напишано дека бараме некакви пари. Им благодарам на сите кои понудија парична помош, но пари не ни се потребни. Сите во бендот сме здравствено осигурани“, пишува во соопштението.
На крајот Бора истакнува дека групата свири и пее подобро од кога било претходно.
„Не сум тешко болен, што се виде по успешната турнеја низ 25 градови, а особено по последните два – 13ти септември воЉубљана и 5ти октомври во Виена. Верувам дека ваквите дезинформации се обид за саботажа од некои лоши луѓе“, пишува Бора Ѓорѓевиќ.
Текстот Бора Чорба демантира дека е тешко болен и дека ги откажал концертите е превземен од Reporter.mk.