Австралиската авио-компанија „Квантас“ успеа да го реализира најдолгиот лет во светот, кој траел речиси 20 часа. Авионот летал од Њујорк за Сиднеј и во меѓувреме не слетал ниту еднаш. Со пробниот лет компанијата сакала да ја провери издржливоста на патниците. На овој начин експертите сакале да утврдат дали летовите кои траат по цел ден се подносливи. Пробниот лет е наречен Project Sunrise.
Qantas Airlines successfully completes the world’s longest non-stop commercial flight from New York to Sydney pic.twitter.com/UVGfrXv7GA
— TRT World Now (@TRTWorldNow) October 20, 2019
Авионот летал 16.015 километри, а патниците во него поминале 19 часа и 16 минути.
„Ги охрабрувавме патниците во авионот да пијат многу кафе за време на летот“, изјавил Фил Кепс, еден од членовите на екипажот „Квантас“.
Австралиската авио-компанија има намера да ги промени границите на другите летови, а најавуваат дека ваквите летови ќе им бидат достапни на сите во 2022 или 2023 година. На овој лет сепак имало само 50 луѓе, со се екипажот и истражувачите кои бележеле што се случува за време на летот.
#BREAKING: @Qantas‘ world first non-stop flight from New York to Sydney has landed after 19hrs in the air! ✈️ pic.twitter.com/fm8SlnFAsh
— Sunrise (@sunriseon7) October 19, 2019
„Квантас“ во соработка со истражувачите сакале да проверат како патниците реагираат на разни работи. Тие на себе имале опрема која следела како нивното тело се однесува и реагира на промените за време на летот. Пилотите велат дека летот минал според првично замислениот план и без никакви проблеми. Оваа компанија планира да спроведе идентично тестирање за месец дна, кога ќе лета од Лондон до Сиднеј.
Текстот (Видео) Успешно заврши најдолгиот лет на светот е превземен од Reporter.mk.