На вчерашната венчавка на шпанскиот тенисер Рафаел Надал, пристигнал и поранешниот шпански крал Хуан Карлос Први. Хуан Карлос бил крал на Шпанија во периодот од 1975 до 2014 година. Тој пристигнал на луксузниот имот Форталезе во Мајорка, каде се одржа венчавката меѓу Надал и неговата девојка Франциска Перелјо.
И покрај превземените мерки за безбедност, Надал не успеа да ја зачува приватноста. Бројни светски папараци успеаа да доловат дел од атмосферата на луксузниот имот. На венчавката присуствуваа повеќе од 350 гости, а меѓу познатите гости беа фудбалерот Кристијано Роналдо, кошаркарот Пол Гасол и пејачот Енрике Иглесијас.
Од колегите присуствуваа тенисерите Фелисијано Лопез и Хуан Монако, а поради обврски не можеа да дојдат Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер. Меѓу присутните беше забележана и шпанската актерка Каролина Серезуела, како основачот на компанијата за луксузни часовници, Ришар Миј.
Надал нема да има време за долг меден месец. Тој ќе се врати на тренинзи пред настапите на завршните турнири од сезоната – Мастерсот во Париз, АТП финалето во Лондон и Дејвис куп финалето во Мадрид.
Текстот (Фото) И шпанскиот крал на свадба кај Надал, се појавија фотографии од венчавката е превземен од Reporter.mk.