Вулканот Јелоустон во американската дражва Вајоминг, повторно се активира, велат научниците. Нивните прогнози се дека секој момент може да настане силна експлозија која би предизвикала страшни последици по опстанокот на човештвото. Последен пат овој вулкан избувнал пред 640.000 години.
Кога ќе настане ерупцијата, повеќе од 240 километри кубни камења ќе бидат исфрлени во атмосферата. Голема прашина и пепел ќе го покрие небото, а ќе избие толкава количина на лава, која би го затрупала подрачјето во радиус од 60 километри. Делови од Колорадо, Вајоминг и Јута ќе бидат затрупани со пепел.
Цело пространство од Средниот запад ќе биде покриено со десетина сантиметри пепел. Во атмосферата ќе се собере толку прашина и отровни гасови, како што се сулфуд-моноксид, што целата планета ќе биде опфатена со густ облак кој би ја одбил сончевата светлина. Би дошло до драматично брзо ладење на целата планета и температурата во светот, радикално би паднала, во период од најмалку неколку години.
Големи површини обработлива земја би биле уништени. Би се уништиле електроенергетските мрежи. Без сончева светлина, без топлина и без храна, би се уништил целиот живот на Земјата, вклучувајќи ги и луѓето. Брајан Валш во својата книга „Крај на времето“, извештај на Европската фондација за наука за екстремните геолошки опасности од 2015 година, навел дека тоа што би можело да се случи е најголема катастрофа од почетокот на цивилизираниот живот на Земјата.
Доктор Џерзи Заб, познат светски геолог, бил уште попрецизен во своите прогнози, велејќи дека околу 5 милијарди луѓе би умреле од глад, за време на климатските промени, кои би настанале веднаш по експлозијата. Ако Јелоустон експлодира, единствен начин за некаква шанса да се преживее е да се бега од Северна Америка, пишува „Биг Тинк“.
Брајан Валш ваквото сценарио го нарекува егзистенцијален ризик и за САД и за целиот свет. Валш пишува дека експертите за ризик на опстанокот на човештвото во голема мера се согласуваат дека супервулканите, кои ги има во светот околу 20, се природна закана и се најголемата веројатност за исчезнување на човештвото.
Кога таката ерупција ќе се случи никој не може да каже со сигурност. Во националниот парк Јелоустоун, годишно се забележани 3000 помали потреси, но катастрофални експлозии се случуваат многу ретко. Последната ерупција „Лава Крик“, се случила пред 640.000 години.
Вулканот во својата полна силина експлодирал пред 1,3 милиони и 2,1 милиони години. Тоа значи дека меѓу ерупциите треба да помине време меѓу 660.000 и 800.000 години. Ако ваквите предвидувања се покажат како точни, тогаш ерупцијата може да се очекува секој момент. Се е работа на математика, вели Валш.
Тој смета дека треба да се трошат повеќе пари за проучување на вулканот. Во моментов американската управа за безбедност на авионскиот сообраќај троши околу седум милијарди долари годишно, додека за програмата за проучување на вулканот, кој има потенцијал да го уништи речиси целиот свет, се одвојуваат само 22 милиони долари.
Текстот (Видео) Се буди вулканот Јелоустон, кој може да убие повеќе од пет милијарди луѓе е превземен од Reporter.mk.