Викенд хороскоп за 18 и 19 август

Овен

Некој ваш неоткриен талент може да излезе на виделина, кој би можеле да го искористите во вашата понатамошна кариера. Физички се чувствувате добро и силно. Ова е викенд на нови предизвици.

Бик

Информацијата што ќе ја добиете од некој пријател би можела да ве растревожи. Ова е викенд за нови искуства, па зошто да не ја поканите на кафе личноста од која веќе подолго време ви се допаѓа?

Близнаци

Денес ќе се разбудите спремни за освојување на светот. Возбудата и ентузијазмот ќе ја исполнат вашата душа. Искористете го максимално денот и започнете некој проект или посветете се на вашето тело.

Рак

Овој викенд ќе бидете полни со енергија, така што сте спремни да прифатите сѐ што ќе ви се најде на патот. Тоа е добро, бидејќи можеби ќе се соочите со некои предизвици кои ќе имаат длабоко влијание на вашиот живот.

Лав

В сабота можно е да добиете покана за некој важен настан. Ова може да биде шанса да запознаете важни луѓе кои ќе придонесат во вашата кариера. Доколку не сте во врска, денешниот ден би можел да ви донесе многу позитивни изненадувања.

Девица

Доколку сте во врска, можете да очекувате вашата врска да отиде на едно ниво погоре. Би можеле заедно со вашиот партнер да го одредите датумот на венчавката. Доколку не сте во врска, очекувајте да запознаете некоја нова личност.

Вага

Некоја ненадејна одговорност која се очекува од вас може да ви ги расипе плановите за некое патување. Ова може да ве фрустрира, но не дозволувајте да ве растажи. Штом ќе се погрижите за она што морате, продолжете со старите планови.

Скорпија

Викендов ќе бидете полни со љубовна енергија. Можно е и вашиот партнер така да се чувствува. Искористете ги овие два дена најрационално и разгорете ја веќе постоечката страст во врската. Здравјето е добро, но внимавајте на исхраната.

Стрелец

Некое друштвено случување може да ве стави меѓу многу луѓе – пријатели и познаници. На љубовен план сѐ е добро, но потрудете се повеќе време да поминувате со партнерот и да ја вратите страста во врската.

Јарец

Можни се мали расправии со партнерот, но не дозволувајте тоа да ве растревожи. Наместо тоа, излезете некаде со пријателите и поминете една луда вечер со нив. Сабота е поволен ден за рекреација и за кардио вежби.

Водолија

Недоразбирањето со саканата личност може да ви го одвлече вниманието од професионалните обврски. Не дозволувајте негативните чувства да дојдат до израз, држете ги под контрола. До крајот на викендот, работите повторно ќе дојдат на место.

Риби

Со некои работи едноставно нема да можете да излезете на крај. Можни се конфликти со блиски личности. Едноставно, ова е уште еден од викендите кои е најдобро да ги преспиете. Од понеделник сѐ ќе се врати во нормала.

Текстот Викенд хороскоп за 18 и 19 август е превземен од Reporter.mk.