Ана Винтур ги избра најголемите модни трендови за наредната година

Ана Винтур, уредничката на модното списание „Вог“, ги избра најголемите модни трендови за в година.

Рамни обувки

Според нејзините зборови, рамните обувки ќе заземат водечка позиција. Наместо високите потпетици, балетанките и рамните чизми ќе бидат моделите што ќе доминираат.

Вез

Фустаните и блузите со везени детали ќе бидат апсолутен хит.

Мантил

Инвестирањето во квалитетниот мантил е добра одлука. Наредната година овој класичен модел ќе се гледа многу често.

Гардероба со принт

Впечатливиот и шарен принт ќе биде задолжителен.

Бермуди

Бермудите од секаков вид материјали ќе бидат многу популарни. Овој тренд беше хит ова лето, а ќе се задржи и в година на високо место.

Силни бои

Правилото кое важи за целата наредна година гласи: колку пошарено, толку подобро. Додајте во гардероберот неколку парчиња во весели бои.

Плетени торби

Ваквите торби изгледаат многу интересно, а се вклопуваат со речиси сè.

Текстот Ана Винтур ги избра најголемите модни трендови за наредната година е превземен од Reporter.mk.