Кајли Џенер на насловната на „Вог“

21-годишната Кајли Џенер се најде на насловната страница на септемвриското издание на австралискиот „Вог“. Ова е нејзина прва насловна страница на популарното списание, а од „Вог“ велат дека освен заради убавината, Кајли ја избрале заради популарноста, 113те милиони следбеници на Инстаграм, и успехот што го постигна со својата козметичка линија.

Фотографии од насловната и од едиторијалот објави и Кајли, која е најмала сестра во семејството Кардашијан-Џенер.

„Ова е остварување на мојот детски сон“, напиша Кајли покрај фотографиите што ги сликаше Џеки Никерсон.

Освен што се сликаше за насловната страница, Кајли даде и интервју за светски-познатиот магазин. Интервјуто го правеше нејзината постара сестра, топ моделот Кендал Џенер. Во него, Кајли зборува за ќерката Сторми и за животот со нејзиното момче Травис Скот.

„Не мислам дека животот ми се смени откако станав мајка, мислам дека начинот на кој гледам на животот ми се смени откако станав мајка. Сега мислам повеќе за иднината“, вели во интервјуто. „Се чувтвувам дека се сакам себеси повеќе откако ја имам Сторми“, додава таа.

 

Текстот Кајли Џенер на насловната на „Вог“ е превземен од Reporter.mk.