Стабилната држава, намалениот стрес, здравата исхрана се дел од работите поради кои мажите во Австралија живеат подолго од оние во Азија, Европа и Северна Америка. Ова го покажало истражувањето на Колин Пејн, која за „Пост“ открива дека во споредба со европските држави, мажите во Австралија во просек живеат до 71 години.
Истражувањето покажува дека квалитетот и долгиот живот кај мажите во Австралија се должи на тоа што во земјата не се одвивале големи битки за време на двете светски војни. Пејн објаснува дека обично за време на големи конфликги и судири, стапката на морталитет е многу повисока особено кај децата.
Неисхранетоста во текост на детството, исто така има влијание. Неправилната исхрана кај децата, може да се одрази на здравјето во подоцнежниот живот. Голем дел од Австралијанците живеат покрај плажа. Одичните временски услови го намалуваат нивото на стрес.
Мнозинството мажи водат активен живот, редовно трчаат по плажите, возат велосипеди и сурфаат. Пејн вели дека голем дел од постарата популација е спортски активна, што само по себе кажува колку е подобрено нивното здравје.
Австралија се смета за држава во која луѓето го обожаваат спортот. На Олмпијадите, оваа земја често се наоѓа во првите пет држави, речиси во сите дисциплини.
Исто така здравата исхрана, влијае на квалитетот на живот. Австралија е позната по своите вкусни деликатеси на мроски плодови, свежи овошја и зеленчк. Пејн вели дека австралиската кујна е една од најздравите во светот.
Многумина кои живеат во оваа земја, веруваат дека вистинската причина за нивната долговечност е силата која ја имаат во себе, а која ја добиваат од нивната поврзаност со дивиот свет, објаснува Пејн во нејзиното истражување.
Текстот Мажите од Австралија живеат најдолго е превземен од Reporter.mk.