Францускиот композитор и пејач Шарл Азнавур плати 40.000 долари да добие ѕвезда на „Булеварот на славните“ во Холивуд. Тој не е единствениот што добил ѕвезда во Лос Анџелес оти ја платил. Сепак, повеќето ѕвезди ги доделува Холивудскиот историски фонд кој е задолжен за организација на настаните на „Булеварот на славните“. Тие се грижат за тоа лицата што ќе добијат ѕвезда да се навистина популарни и барем пет години да се активни во музичката, филмската или телевизиската индустрија. Од славните бараат и да се присутни на откривањето на ѕвездата.
Од сите ѕвезди што во моментот се наоѓаат на „Булеварот на славните“, 47% припаѓаат на категоријата филм, 24% на телевизијата, 17% на музиката. Свои ѕвезди имаат и астронаутите што беа на Месечината, Нил Армстронг, Едвин Олдрин и Мајкл Колинс. Некои уметници имаат ѕвезди во повеќе категории. На пример Џин Отри има ѕвезда во сите пет категории, а Боб Хоуп, Мики Руни, Рој Роџерс и Тони Мартин имаат ѕвезда во четири категории. 33 славни личности имаа ѕвезда во три категории, а меѓу нив се и Френк Синатра, Дин Мартин и Дени Кеј.
Текстот Ѕвезда на „Булеварот на славните“ се купува за 40.000 долари е превземен од Reporter.mk.