Македонскиот топ-модел со светска кариера, Катарина Ивановска, се потсети како изгледале таа и поп-пејачката Тамара Тодевска пред да се омажат и да станат мајки. На сликата што ја објави на „Инстаграм“, Катарина ја нарече Тамара „својата русокоса половина“ и напиша „млади и убави“. Тамара носи тесен фустан што ја следи линијата на телото, а Катарина е облечена во кратка сукња и раскопчана кошула под која се гледа градникот.
Катарина и Тамара одамна се најдобри другарки и постојано излегуваа заедно во скопските дискотеки и клубови. Денес, двете често објавуваат фотографии од заедничките дружби, а на кои одат со нивните деца, Тамара со ќерката Хана, а Катарина со синот Вања.
Текстот (Фото) Катарина и Тамара во секси стил пред да се омажат е превземен од Reporter.mk.