Американскиот актер Дени де Вито ја добитник на наградата за животно дело на меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан. Наградата му беше доделена на гала-церемонија.
Познатиот комичар, 73-годишниот Де Вито, на најпрестижниот шпански фестивал го претстави анимираниот детски филм Smallfoot.
Де Вито е добитник на наградите „Еми” и „Златен глобус” за улогата во популарната телевизиска серија „Такси” од 1970-тите и 1980-тите, а исто така е познат по неговите улоги во комедиите „Фрли ја мама од возот” и „Близнаци”.
Тој исто така беше номиниран за Оскар како продуцент на филмот „Ерин Брокович“ од 2000 година.
Де Вито моментално игра во ТВ-серијата „Секогаш е сончево во Филаделфија”.
Текстот Дени де Вито е добитник на наградата за животно дело е превземен од Reporter.mk.