Македонец стана тренер на светскиот фудбалски шампион

Македонскиот тренер Влатко Андоновски е новиот селектор на националниот женски фудбалски на САД, кој е и светски шампион. Андоновски ќе ја замени Џил Елис, а договорот со новиот тим ќе го потпише деновиве.

Андоновски потекнува од младинските категории на ФК Вардар и тој долг период престојува во Америка. Женскиот национален тим на САД се двојни шампиони.

Американските фудбалерки во 2015 славеа против селекцијата на Јапонија со 5:2, а годинава ја одбранија титулата со триумфот во финалето против Холандија со 2:0.

Текстот Македонец стана тренер на светскиот фудбалски шампион е превземен од Reporter.mk.