Мечка го нападна и повреди дресерoт за време на настап во циркус во градот Олонец во северна Русија. Еден од присутните го снимил целиот настан и го објавил на социјалните мрежи.
Додека ја изведувала својата точка, мечката го нападнала дресерот и почнала да го гризе. Во ист момент еден од колегите дресери се обидел да ѝ го одврати вниманието удирајќи ја со клоци.
„Другиот дресер почна да ја коца и да ја удира мечката за да го спаси колегата“, изјавил еден од присутните.
Информативниот портал gazeta.ru пренесе изјава од сведок кој објаснил дека мечката потоа влетала во делот за публиката пред да биде запрена од струен удар.
Помеѓу циркуската сцена и гледалиштето немало заштитна ограда. Новинската агенција „Интерфакс“ објави дека Истражниот комитет започнал кривична истрага за давање небезбедни услуги.
Текстот (Видео) Мечка во циркус го нападна дресерот е превземен од Reporter.mk.